Повторно расте вредноста на биткоинот. Пазарот на криптовалути има скок утрово, а сите криптовалути се во „зелено“.
Вредноста на најпознатата криптовалута биткоин се зголеми за 5,27 проценти за дваесет и четири часа и тој сега се тргува по цена од 49,148.63 долари. Изминативе месеци беа турбулентни, така што вредноста се зголемуваше и паѓаше.
Претходните денови, инвеститорите беа повеќе од загрижени. Покрај падот на криптовалутите, проблем беше и општиот пад на берзите.