Комерцијална банка започна со исплата на дивиденда од добивката реализирана минатата година. Дел од парите веќе се легнати на сметка на акционерите.
Банката ја заврши 2020 година со бруто-добивка во износ од 2.067,1 милиони денари. По пресметување на данокот на добивка од 155,1 милиони денари, нето-добивката на банката изнесува 1.911,9 милиони денари или околу 31 милион евра.
Акционерите на банката уште на почетокот на годината донесоа Одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка во износ од 1.911,9 милиони денари и ја утврдија дивидендата за обичните акции во висина од 60% од номиналната вредност на акцијата, односно по 600 денари на една акција.
Комерцијална банка има 5207 акционери. Вкупниот број на акции е 2 279 067. Најголем акционер е Адора Инженеринг. Градежната компанија во сопственост на Ванчо Чифлиганец заедно со поврзаните лица поседува вкупно 341.860 обични акции, односно има учество од 14,9999% во основната главнина на Комерцијална банка АД Скопје.”
Како најголем акционери Чифлиганец по основ дивиденда од Комерцијална банка ќе заработи 3,3 милиони евра.