Биткоинот и денес е во минус, а само неколку дена откако неговата вредност се искачи на близу 50.000 долари.
Криптовалутата потона за 2,17 отсто и се тргува по 46,700 долари, додека етериумот ослабна за 4,08 отсто на 3.100 долари.
Финансиското регулаторно тело на Велика Британија претходно објави дека причината за забраната на Бинанс во таа земја е последица на фактот дека финансиските производи на таа компанија претставуваат ризик за корисниците.