Шпаркасе Банка Македонија неодамна ја додели главната награда од наградната игра „Happy Monday“, која беше организирана во периодот од 6.11.2017 до 31.12.2017 година, за корисниците на платежните картички од брендот Mastercard.
Право на учество во наградната игра имаа сите корисници на Mastercard платежните картички (Mastercard Debit, Maestro, Mastercard Standard и Mastercard Gold) издадени од Шпаркасе Банка Македонија, со секоја реализирана трансакција во износ поголем од 300,00 денари на продажните места и е-commerce трансакции (плаќање преку интернет) во земјата и во странство.
Согласно со Правилата на наградната игра по истекот на секоја седмица, Банката секој понеделник во периодот на наградната игра спроведуваше електронско извлекување на 7 среќни добитници на парична награда во износ од 5.000 МКД од трансакциите реализирани за секој ден од седмицата и една награда во износ од 50.000 МКД од вкупниот број реализирани трансакции во истата седмица.
По истекот на периодот на наградната игра или изминати 8 седмици беа наградени вкупно 56 добитници на парични награди во износ од 5.000 МКД и 8 добитници на парични награди во износ од 50.000 МКД. Добитниците на наградите од 5.000 МКД и 50.000 МКД можете да ги погледнете на следниот линк. Од вкупниот број реализирани трансакции во периодот на наградната игра на 9 јануари 2018 беше извлечен добитникот на главната награда во износ од 500.000,00 МКД, г-ѓа Викторија Божиновска од Прилеп.
23.01.2018 10:13