Еврозоната даде согласност да се исплатат 6,7 милијарди евра помош за Грција откако утврди дека властите во Атина ги спровеле повеќето реформи кои биле побарани.

Ја поздравуваме примената на речиси сите претходно договорени мерки“ кои ја овозможуваат исплатата од 6,7 милијарди евра, изјави претседателот на Еврогрупата Марио Сентено.

Помошта од 6,7 милијарди евра ќе биде исплатена во две транши, првата од 5,7 милијарди евра ќе биде дадена на средината на февруари, а другата од една милијарда евра во април.

Грција осум години применува остри мерки за штедење кои беа побарани од меѓународните кредитори, Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд, со цел Атина да добие кредитна помош.

Сегашната програма за помош истекува во август 2018 година и грчката влада смета дека тогаш ќе биде означен крајот на меѓународниот надзор над домашните финансии.

 

23.01.2018  10:45