Економската активност во вториот квартал од годината е за дури 13,1% поголема отколку истиот период лани, објави неделава Државниот завод за статистика. Ова е исклучително висока стапка на економски раст, но доколку минатата година не беше евидентиран дури и поголем минус, односно пад на бруто домашниот производ од 14,9%. Токму поради ниската споредбена основа, високиот раст на економијата годинава не треба да не’ изненадува а уште помалку да не воодушевува. Слични високи стапки на еконмски раст во вториот квартал годинава, забележуваат повеќе европски економии чија активност истиот период лани беше нагло прекината поради воведувањето локдаун во обид да се спречи првиот бран на ширење на коронавирусот. Податоците покажуваат дека економијата годинава се опоравува, но во услови на забрзано ширење на делта варијантата на коронавирусот и бавното темпо на имунизација, се чини дека преткризните нивоа на развој сепак ќе ги достигнеме догодина.
Економската активност во вториот квартал од годината е за дури 13,1% поголема отколку истиот период лани, објави неделава Државниот завод за статистика. Ова е исклучително висока стапка на економски раст, но доколку минатата година не беше евидентиран дури и поголем минус, односно пад на бруто домашниот производ од 14,9%. Токму поради ниската споредбена основа, високиот раст на економијата годинава не треба да не изненадува а уште помалку да не воодушевува. Слични високи стапки на еконмски раст во вториот квартал годинава, забележуваат повеќе европски економии чија активност истиот период лани беше нагло прекината поради воведувањето локдаун во обид да се спречи првиот бран на ширење на коронавирусот.
Податоците покажуваат дека економијата годинава се опоравува, но во услови на забрзано ширење на делта варијантата на коронавирусот и бавното темпо на имунизација, се чини дека преткризните нивоа на развој сепак ќе ги достигнеме догодина.
Според податоците на Заводот за статистика, во второто тримесечје од 2021 година, пораст е забележан во секторите Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 46%; потоа кај Рударство и вадење на камен; Преработувачка индустрија; Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација; Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината од 11,4% и Информации и комуникации од 5,7%.
Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2021 година, номинално се зголеми за 14,9 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 70,2%.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 62,2%, а увозот на стоки и на услуги се зголеми во номинален износ од 64,4%.