Претседателот на Стопанската комора за енергетика на Македонија, Ѓорѓи Манасков, прогласи енергетска вонредна состојба во државата и побара од државата веднаш да реагира за да се спречи енергетска и финансиска криза. – Со месеци наназад јас апелирам дека имаме сериозен проблем со набавката и продажбата на струја. Компаниите кои се лиценцирани за снабдување со електрична енергија не очекувале дека ќе има нагло зголемување на цената на електричната енергија на светските берзи. Тоа придонесе снабдувачите да имаат сериозни загуби на дневно ниво кои се принудени да ги раскинуваат договорите кои ги имаат склучено со компаниите и граѓаните, бидејќи договорената цена е значително пониска од цената по која сега ја набавуваат струјата на берзите, изјави за ВЕЧЕР, Манасков

Доколку Владата во наредните 10 до 15 дена не преземе сериозни чекори и не го реши проблемот со набавката на електрична енергија, може да дојде до сериозна енергетска и економско-финансиска криза. Од Стопанската комора за енергетика на Македонија предупредуваат дека ситуацијата е крајно сериозна поради наглото зголемување на цената на електрична енергија на берзите кое може да доведе до зголемување на цената на струјата за граѓаните и компаниите, банкрот на снабдувачите со електрична енергија, па дури и до прекин на електричната енергија во државата.

Претседателот на Стопанската комора за Енергетика на Македонија, Ѓорѓи Манасков, прогласи енергетска вонредна состојба во државата и побара од државата веднаш да реагира за да се спречи енергетска и финансиска криза.

-Со месеци наназад јас апелирам дека имаме сериозен проблем со набавката и продажбата на струја. Компаниите кои се лиценцирани за снабдување со електрична енергија не очекувале дека ќе има нагло зголемување на цената на електричната енергија на светските берзи. Тоа придонесе снабдувачите да имаат сериозни загуби на дневно ниво кои се принудени да ги раскинуваат договорите кои ги имаат склучено со компаниите и граѓаните, бидејќи договорената цена е значително пониска од цената по која сега ја набавуваат струјата на берзите, изјави за ВЕЧЕР, Манасков.

Според него, потребно е Владата веднаш да реагира и да прогласи енергетска вонредна состојба со цел да се реши проблемот со набавката на електрична енергија. Во спротивно тој предупреди дека може да дојде до економска криза бидејќи граѓаните ќе плаќаат струја повисока од платата што ја земаат, лиценцираните снабдувачи ќе банкротираат, а државата ќе остане без електрична енергија.

Манасков додава дека со оглед на фактот дека цената на струјата се очекува да се покачи за уште 3 до 5 пати, граѓаните кои плаќале месечна сметка за струја од 2.000 денари, ќе плаќаат 10.000 денари.

И претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија, Горан Малишиќ рече дека цената на индустриската струја на отворениот пазар во последните два месеца се зголеми за 100 отсто. Тоа предизвика зголемување на цената на брашното за 10 отсто, а до крајот на месецов се очекува и ново зголемување од 10 до 20 отсто, а тоа ќе повлече и зголемување на цената на лебот, белите печива и на другите производи.