Со цел да се зголеми знаењето на финансиските инструменит, како и да се одобри инвестициската култура во земјава денеска се организира „Инвеститорски ден“ на кој сите домашни физички лица ќе можат да тргуваат со акции на сите пазарни сегменти без трансакциски трошоци што ги наплатуваат овластените пазарни институции и учесници, односно да купат или продадат кои било акции без да ги платат провизиите кон Берзата, ЦДХВ и овластените пазарни учесници вклучени во иницијативата.
За учество потребно е да се исполнат следните услови – инвеститорите да склучат нормални трансакции со акции преку БЕСТ системот, со посредство на некоја од членките на Берзата, износот на остварениот дневен промет по индивидуален инвеститор да не изнесува повеќе од 10.000 евра, независно од бројот на берзански трансакции преку кои истиот ќе биде остварен и трансакциите да бидат склучени преку клиентска, односно сопственичка сметка.
Како дел од оваа иницијатива активно учество земаат Централниот депозитар за хартии од вредност и осум членки на Берзата и ЦДХВ, а таа доби поддршка и од Комисијата за хартии од вредност.