Комерцијална банка како современа и пазарно ориентирана компанија посветува значајно внимание на своите човечки ресурси, сметајќи ги за еден од најзначајните фактори преку кои се определува конкурентноста на компаниите.

Инвестирањето во човечки ресурси, вложувањето во тимска работа и стручната едукација со цел нивен континуиран развој и унапредување на кариерата се клучен и континуиран приоритет на Комерцијална банка.

Деловниот свет постојано се менува, а и Банката се менува. Постојано нуди можности за динамична работа во креативна атмосфера.

Доколку ја испратите вашата on-line апликација на следниот линк: https://www.kb.com.mk/Default.aspx?sel=1710&lang=1&uc=39…Комерцијална банка АД Скопје нуди можност за вработување во Секторот за информатичка технологија, кое ќе ви обезбеди професионален и личен развој,

Комерцијална банка ги поттикнува да аплицираат сите заинтересирани кои поседуваат знаења од:

– C#, .NET, CSS, Javascript, jQuery, T-SQL,

– Android или iOS,

– администрирање бази на податоци (SQL или ORACLE),

– администрирање оперативни системи (Windows, Linux, VMWARE, SAN, инфраструктура за backup),

– администрирање активна комуникациска опрема (CISCO, Check Point и слично), е-маил системи (EXCHANGE, Symantec), IP телефонија (CISCO, Avaya) или

– сервисирање банкомати и компјутерска опрема (компјутери, принтери, скенери)

Сите апликации ќе станат дел од базата на потенцијални кандидати за вработување и во моментот кога ќе се појави потреба од ново вработување, Комерцијална банка ќе ги контактира кандидатите кои пројавиле интерес.