Целосниот пазар на криптовалути ја зголеми својата вредност за 3,8 проценти во изминатите 24 часа.
Според веб-страницата „Коингеко“, во последните 24 часа, биткоинот ја зголеми својата вредност за 2,9 проценти и во моментов се тргува по цена од 48.448 долари.
Втората најпозната криптовалута во светот, етериум, забележа посилен раст, од 7,3 проценти, што значи дека во моментов се тргува по цена од 3.641 долари.