Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи тврди дека животниот стандард во Македонија во изминатите неколку години е двојно подобрен, повикувајќи се на растот на минималната плата во однос на потрошувачката кошничка.
-Животниот стандард во изминатите неколку години се подобрува. Во 2013 година биле потребни 3,2 минимални плати за покривање на потрошувачката кошница, за која што синдикатите зборуваат. Во 2017 година, со зголемувањето на минималната плата, беше потребна речиси една минимална плата помалку, за во 2021 година, без разлика што минималната плата се зголеми само за околу 200 денари, во овој момент се потребни 2,2 минимални плати за покривање на потрошувачката кошница за едно четиричлено семејство. Ова е очигледно речиси за двојно подобрување на животниот стандард на нашите граѓани, изјави Битиќи за Сител.