Животниот стандард во изминатите неколку години е двојно подобрен, вели вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи. 

Како пример го наведе растот на минималната плата во однос на потрошувачката кошничка.

Во 2013 година биле потребни 3,2 минимални плати за покривање на потрошувачката кошница, за која што синдикатите зборуваат. Во 2017 година, со зголемувањето на минималната плата, беше потребна речиси една минимална плата помалку, за во 2021 година, без разлика што минималната плата се зголеми само за околу 200 денари, во овој момент се потребни 2,2 минимални плати за покривање на потрошувачката кошница за едно четиричлено семејство, изјави Битиќи за Сител.

Синдикалната кошница за август годинава изнесува 34.342 денари, а зголемена е за 214 денари во однос на претходниот за месец јули.

Но, доколку во семејството има еден ученик, синдикалната кошница за месец август 2021 година изнесува најмалку 42.342 денари, пресметале од Сојузиот на синдикатите на Македонија.

Најмногу пари треба да се одвојат за храна и пијалоци, 14.633 денари, за домување 10.818 денари. За лична хигиена 2.382 денари, а за превоз минимум се потребни 2.529 денари. За култура 1.068 денари и за здравје 736 денари.

Анализите на ССМ покажуваат дека трошоците за живот континуирано се зголемуваат, а платите  стагнираат.