Меѓународна конференција за контролинг International standards in contrroling „Implementation in practice“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Академијата за банкарство и информатичка технологија АБИТ во соработка со Институтот за бизнис и менаџмент – Хајделберд.
Конференцијата, како што најавува организаторот, ќе ја отвори премиерот на Република Македонија Зоран Заев, а треба да се обратат и претставници на УЈП, странски експерти за контролинг од Германија и Словенија и директорите на најуспешни компании во Македонија, банки и финансиски институции.
01.02.2018 10:38