Во иднина социјалната мрежа Фејсбук ќе го забрани рекламирањето на сите крипто-валути, вклучувајки го и Bitcoin како најпопуларна. Од компанијата велат дека некои компании кои се рекламираат на нивната мрежа промовираат лажни ветувања со цел да остварат финансиска добивка.

“Фејсбук и понатаму останува платформа која што ќе им помага на луѓето да откриваат нови производи , без притоа корисниците да се плашат од измами “, вели Роб Ледерн – директорот на Facebook Business одделот.Воедно тие ги охрабруваат своите корисници да го пријават секој сомнителен оглас како би се подобрила ефикасноста во пронаоѓање и елиминирање на некоректните огласи поврзани со крипто-валутите.

Со новите измени компаниите кои ги нарушуваат правилата нема да можат да се рекламираат не само на Фејсбук туку и на други социјални мрежи каде тие продаваат услуги како што е Инстаграм.

За Фејсбук ова е последен обид да го заштити интегритетот на својата платформа за рекламирање , која што во последните 12 месеци беше под остри критики заради овозможување на влез на руска пропаганда за време на изборите во САД.

 

01.02.2018 12:23