„Дојче банк“ која е воедно и една од најголемите банки во Германија објави дека поради даночните реформи кои ги донесе Донал Трамп во 2017 година го донеле нивното салдо во”црвено”.

Нивната нето-загуба изнесувала 512 милиони евра минатата година, што е помалку од загубата од 1,4 милијарди евра во 2016 година.

Исто така и приходите паднаа за 26,4 милијарди евра во 2017 година од 30 милијарди евра во претходната година.

Но добра работа е тоа што “Дојче Банк” на ниво пред оданочување оствари профит од речиси 1,3 милијарди евра, во споредба со загубата од 810 милиони евра во претходната година.

Директорот на “Дојче Банк”  Џон Краја изјави дека: „Ние веруваме дека цврсто сме на патот кон раст и повисоки повратни средства со постојана дисциплина во однос на трошоците и ризиците“.

Сепак „Дојче банк“ се надеваше дека ќе се врати во профит во 2017 година по неколкугодишен пад во приходите поради длабоката програма за реструктуирање и парични казни поради голем број различни тужби.

 

02.02.2018 10:20