Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган престојува во градот Ескишехир, каде што отвори 46 нови фабрики.

Во индустриската зона на турскиот град Ескишехир се одржа свеченото отворање на 46 нови фабрики, меѓу кои е и фабриката за бела техника HAIER.

За време на своето обраќање, Ердоган рече дека Турција ќе продолжи да биде стабилна и безбедна земја за инвестиции, пренесува агенцијата Анадолија.

„Секој што инвестира во Турција ќе продолжи да остварува профит“, рече Ердоган.

Тој им се обрати и на оние кои очекуваат и се надеваат дека Турција ќе пропадне.

„Им порачувам на оние кои се надеваат и чекаат да се сопне нашата земја, не се возбудувајте премногу, никој нема моќ да ја наруши климата на стабилност и доверба во оваа земја“, рече Ердоган.

Шефот на турската држава додаде дека „не постои товар што не можеме да го поднесеме заедно со нашите претприемачи, кои даваат сила на нашата севкупна сила и се столбови на голема и моќна Турција“.