Водечката дигитална валута Bitcoin падна за повеќе од 16 проценти,губејќи половина од својата вредност од почетокот на Јануари.Според CoinMarketCap data Биткоинот е тргуван на вредност од $8,234 што е скоро за 58% помалку од рекордната цена од $20,000 која што тој ја постигна во средината на Декември.
Овој забрзан пад на валутата се поврзува со засилената регулација на крипто валутите во Индија како и најавите на Фејсбук дека ке ги блокира сите рекламирања на дигиталните валути на својата платформа.
Како резултат на ова, втората најголема дигитална валута Ethereum зема се поголемо учество на пазарот и е единствената валута која го завршува претходниот месец со раст. Според некои експерти се очекува во иднина оваа валута да ја превземе водечката позиција на пазарот како највреднувана.