Владата за време на изборниот молк одржа седница на која го изгласа буџетот за 2022 година. Според владиното соопштение, информацијата за одобрениот буџет е објавена денеска бидејќи во саботата беше изборен молк. Според законските рокови, буџетот во следните две недели ќе биде испратен до Собранието на понатамошни постапки.

„Владата на Република Северна Македонија на 116-тата редовна седница, којашто се одржа на 30 октомври, поради запазување на роковите за донесување, го усвои Предлог-буџетот за 2022 година.

Поради изборниот молк, соопштението за усвоениот Предлог-буџет се објавува денеска, 1 ноември, а во следниот период ќе биде објавена и детална презентција“, објави Владата.