Платежните картички се едни од најсовршените инструменти за плаќање во ова наше современо, ,,безготовинско” општество. Но, замисли, покрај брзината и едноставноста при плаќањата, со секоја трансакција со твојата платежна картичка, да бидеш чекор поблиску до освојување награди.
Овојпат, Халкбанк АД Скопје ги наградува имателите на Mastercard платежни картички издадени од Халкбанк, кои преку вршење трансакции со истите, ќе имаат можност да станат потенцијални добитници на вредни награди.
Големата наградна игра на Халкбанк веќе започна и ќе трае до крајот на февруари идната година. Во неа, право на учество имаат сите физички лица кои се корисници Mastercard платежни картички, издадени од Халкбанк АД Скопје.
Преку секоја направена трансакција, корисниците на Masercard кредитни картички стануваат потенцијални добитници на награди, додека, пак, имателите на Халкбанк дебитни картички од брендот Mastercard, можат да учествуваат во наградната игра со вршење трансакции преку HalkPay и GarminPay апликациите.
За да се стане учесник во наградната игра, неопходно е да се пополни изјава за согласност за учество на официјалната web страна на Халкбанк АД Скопје: www.halkbank.mk.
Со секоја поединечна трансакција со Mastercard кредитна картичка, се добива една шанса за учество, додека со секоја поединечна трансакција преку Halkpay мобилната апликација и GarminPay опцијата за бесконтактно плаќање, се добива тројна шанса за учество во наградната игра.
За учесниците во наградната игра, Халкбанк подготви интересен награден фонд со 60 вредни награди. Притоа, во трите месечни извлекувања – на 3 декември, 12 јануари и 2 февруари, ќе бидат доделени по 15 ваучери за спортска опрема во вредност од по 6.000 денари. Главното извлекување на наградите – 6 Гармин часовници, 4 Мобилни телефони и 5 Ваучери за велосипед ќе се изврши на 9 март.
Во секое месечно извлекување ќе учествува секоја трансакција направена во предходниот месец со Mastercard платежни картички за физички лица (Mastercard Debit Contactless; Mastercard Standard, Mastercard Credit Contactless; Mastercard World Contactless) направена на ПОС терминалите и/или виртуелните ПОС терминали како и со HalkPay мобилната апликација и услугата GarminPay. Во Главното извлекување, пак, ќе учествуваат сите трансакции направени за времетраење на наградната игра.
Пријави се за учество во наградната игра и пазарувај со својот најдобар пријател – платежната картичка издадена од Халкбанк. Активирај ја својата супермоќ и добиј можност да уживаш во супер награди!