Регулаторната комисија денеска напладне вообичаено како и секоја втора седмица, ги обзнанува најновите цени на горивата во Македонија.
Според последната корекција која беше спроведена горивата поскапија.
Имаше измени во алопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемија во просек за 1,71%.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) беа зголемени за 1,00 ден/литар во однос на цените утврдени со Одлуката од 09.01.2018 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,50 ден/литар, малопродажната цена на
ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,50 ден/литар, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 60,50 ден/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 49,00 ден/литар.
Што ќе одлучи регулаторната комисија засега е непознато,дали ќе има поскапување како што имаше последниве два месеци или не,ќе дознаеме наредниве денови.