Италија одлучи да ја намали вредноста за готовински плаќања од 2.000 на 1.000 евра.

Од 1 јануари повеќе нема да може да се плаќа во готово сума поголема од 1.000 евра во таа земја. Сите суми поголеми од 1.000 евра ќе треба да се платат со платежна картичка, кредитна картичка, чекови или преку сметка.

Кој ќе ја прекрши оваа одлука ќе биде казнет со најмалку 2.000 евра, а казната може да достигне и до 50.000 евра.

Оваа мерка треба да придонесе за сузбивање на сивата економија и даночното затајување.

Намалувањето на износот што треба да се плати во готово беше критикувано од либералните политичари.

Владата на премиерот Марио Драги сака да ги поттикне електронските платежни системи во борбата против сивата економија, даночното затајување и перењето пари.