Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), во соработка со Британски Совет на 18 ноември 2021 година го објави огласот за доделување на ЕБОР Литературна награда 2022.

Наградата ја прославува богата културна разноликост на регионите каде Банката работи, кои се простираат од централна Европа до централна Азија, како и од Западен Балкан до јужен и источен Медитеран и северна Африка.

ЕБОР Литературната награда 2022 ќе биде доделена и на авторот и на преведувачот, за најдобро дело од жанрот белетристика (вклучувајќи збир на кратки приказни од еден автор), преведени на англиски јазик, оригинално напишани на било кој јазик од земјите каде ЕБОР има активности и публикуван за прв пат од страна на европски издавач (вклучувајќи ја и Велика Британија), отпечатена во период кој го покрива наградата.

Ова е петта година од воведување на ЕБОР Литературната награда, која се избори за признание во медиумите, издавачката индустрија и читателската публика. Наградата не го наградува само писателот кој ја носи приказната од овие разнолики земји, туку еднакво важно ја признава клучната улога која преведувачот ја игра во доближувањето на овие приказни до публиките кои говорат англиски јазик. Првата награда од ЕУР 20.000 ќе биде еднакво поделена со авторот кој ќе победи и преведувачот. Втората награда од ЕУР 4.000 исто така ќе биде еднакво поделена помеѓу авторот и преведувачот.

Претседателот на комисијата која ја доделува ЕБОР Литературната награда, е Лихтих (Toby Lichtig ), а членови се Алекс Кларк (Alex Clark), Борис Дралјик (Boris Dralyuk), и Кетрин Марфи (Kathryn Murphy).

Од воведување на ЕБОР Литературната награда во 2017 година, англиската публика имаше можност да се запознае со широк спектар на литературни дела од Албанија, Хрватска, Чешка, Грузија, Латвија, Либан, Литванија, Мароко, Полска, Русија, Турција и Узбекистан.

Претседателот на комисијата Тоби Лихтиг изјави: ,,Ми претставува голема чест што по втор пат претседавам со комисијата за доделување на оваа одлична награда. ЕБОР Литературната награда ги соединува гласовите од широките и разноликите предели и територии, славејќи ги разликите помеѓу луѓето и потсетуваќи н# на нештата кои не зближуваат: нашиот капацитет на креативност, имагинацијата, емпатијата и раскажувањето приказни. Јас и моите колеги во оваа комисија, со нетрпение чекаме да се нурнеме во световите кои предизвикуваат, превртуваат, разоткриваат и восхитуваат.”

КРИТЕРИУМИ ЗА УЧЕСТВО

Доставеното делото за ЕБОР Литературната награда 2022 треба да биде преведено на англиски јазик, објавено за прв пат, во период од 15 ноември 2020 година до 14 ноември 2021 година, од европски издавач (вклучувајќи ја и Велика Британија), со валиден меѓународен стандарден број на книга (ISBN) и цена отпечатена во валута на земја од Европската унија.

Доставените дела мора да се состојат од книги на преведена литературна белетристика (вклучувајќи збир на кратки приказни од еден автор), преведени на англиски јазик и оригинално напишани на било кој јазик, независно дали станува збор за јазик на мнозинството или малцинството, во земја каде ЕБОР има свои активности, од страна на автор кој е или бил граѓанин во овие земји. Погледнете го списокот на земји каде ЕБОР има активности кои се квалификуваат за учество во ЕБОР Литературната награда.

Датумот на доставување на награди е 3 декември 2021 година.

Деталите за пошироко селектираните автори и дела ќе бидат објавени во март 2022 година, а трите финалисти во мај 2022 година. Сите три групи на финалисти, авторите и преведувачите, ќе бидат поканети да учествуваат на церемонијата на доделување на награди, или виртуелно, или во дирекцијата на ЕБОР во Лондон. Сите ќе бидат поканети да учествуваат на настани поврзани со промоција на оваа награда во Велика Британија, по објавувањето на наградените.