Во организација на Регионалниот центар за поддршка на социјални претпријатија во склоп на Фондацијата за поддршка на претпријатија ЕСА Охрид и проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“, утре во Охрид ќе се одржи Регионален саем на социјалните претпријатија од Југозападниот регион.

Саемот ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 11:00 часот.

На настанот ќе имате можност да погледнете презентации на социјалната мисија, претприемачките идеи и потенцијалите на дваесетина социјални претпријатија од Вардарскиот регион и невладините организации кои се занимаваат со некоја економска активност. На саемот ќе бидат презентирани и огромните можности за раст на најиновативните регионални социјални претпријатија, преку обезбедување финансиска, менторска и друга поддршка од различни засегнати страни.