Кирил Пецаков, Градоначалникот на Општина Охрид, во Центарот за култура „Григор Прличев“, денес, присуствуваше на отворањето на првиот Регионален саем на социјални претпријатија од Југозападниот регион во организација на Регионалниот центар за поддршка на социјални претпријатија и проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“.

– Овој настан е многу значаен за нашиот регион бидејќи има за цел да ги презентира позитивните економски промени во однос на социјалната вклученост и одржливиот развој на заедниците. Им честитам на сите економски оператори кои претставуваат позитивни примери за успешни социјални приказни, иако концептот за социјално претприемништво сѐ уште е во својот ран зачеток. Се надевам дека концептот на социјално преприемништво ќе прерасне во една успешна приказна во Охрид и целиот Југозападен регион и ќе придонесе за долгорочни социјални промени во општеството, порача Пецаков.

May be an image of 10 people

На настанот можеа да се погледнат презентации на социјалната мисија, претприемачките идеи и потенцијалите на дваесетина социјални претпријатија од Вардарскиот регион и невладините организации кои се занимаваат со некоја економска активност. Беа презентирани и огромните можности за раст на најиновативните регионални социјални претпријатија, преку обезбедување финансиска, менторска и друга поддршка од различни засегнати страни.