Вкупниот годишен обем на трансакции со криптовалути извршени од руски граѓани во 2021 година изнесува пет милијарди долари, покажуваат новите податоци на Централната банка на Русија.

Во новиот извештај за финансиската стабилност, рускиот монетарен регулатор наведува, осврнувајќи се на истражувањето спроведено во јули меѓу најголемите домашни банки, дека Русите се меѓу најактивните учесници на светските пазари на криптовалути, вклучително и нивните активности на берзата за криптовалути Bynance.

Експертите на централната банка укажаа на ентузијазмот на инвеститорите за нови технологии, како што се блокчејн, паметни договори, децентрализирани финансии и стабилни монети (дигитални валути кои се потпираат на државната валута или други криптовалути или злато).

Сепак, Bank of Russia во извештајот ги истакна големите ризици поврзани со крипто индустријата и рече дека внимателно ќе го следи пазарот.

„Односот меѓу дигиталните валути и финансискиот сектор засега останува ограничен. Брзиот раст и широкото прифаќање на дигиталните валути би претставувале зголемен ризик и на глобално ниво и на рускиот финансиски пазар“, проценува Bank of Russia.

На почетокот на оваа година, централната банка ги предупреди луѓето да се држат настрана од активностите со криптовалути, истакнувајќи дека тоа воведува ризик, особено за оние на кои им недостасува знаење во областа.