Европската берза полека се опоравува по наглиот пад во претходниот период. FTSE 100 индексот, кој е еден од најважните индекси за следење на цената на хартиите од вредност денес бележи раст од 0.7% на Лондонската берза. Во Париз и Франкфурт индексите исто така пораснаа за 0.7%.
Берзите ширум светот се сеуште загрижени поради порастот на каматните стапки. Аналитичарите и економистите укажуваат на ударот на зголемените каматни стапки врз компаниите и потрошувачите, кои ке предизвикаат зголемување на нивните трошоци.