Ангола е вториот најголем извозник на нафта од земјите на Африканскиот континент. Тие во иднина се надеваат да го диверзифицираат и прошират нивниот дијапазон на добра, почнувајќи со екстракција и преработка на злато.Ова го изјави нивниот министер за нафта и минерални ресурси Диамантино Ацеведо кој напомена дека планот е веќе од следната година да се почне со производство.
Во моментов покрај нафтата Ангола произведува и дијаманти и други бесценети камења.Според првичните планови тие би требало да имаат два или три рудници кои ќе бидат оперативни веќе во следната година.