Азиските и Европските пазари се алармирани откатко денеска на берзата во Америка беше забележан уште еден пад. Главниот индекс во САД Dow Jones Industrial Average претрпе втор последователен пад од 1000 поени во текот на оваа недела, предизвикувајќи верижна реакција на останатите светски берзи.
Кинеската берза имаше пад од 4% а Јапонската од 2% како последица на случувањата на Њујоршката берза. Европските пазари реагираа посмирено на падот во САД. Па така во Велика Британија, Франција и Германија идексите паднаа за само 1%.