Полска веројатно ќе го намали данокот на додадена вредност (ДДВ) на основните прехранбени производи на нула во февруари.
Мерката ќе биде дел од пакетот мерки за ублажување на влијанието на зголемената инфлација врз домаќинствата, изјави премиерот Матеуш Моравјецки.
Постојат многу добри шанси од февруари да го намалиме ДДВ-то за основните прехранбени производи на нула, најмалку за шест месеци – рече Моравјецки на прес-конференција, пренесува Ројтерс.
Владејачката полска Партија на правото и правдата (ПиС), која претходно усвои пакет мерки за намалување на даноците на бензинот, гасот, парното и електричната енергија и најави еднократна финансиска помош за домаќинствата, вели дека не можело да го намали ДДВ за храната на нула поради Правилата на ЕУ.
Полска веќе подолго време инсистира во ЕУ да се дозволи продажба на храна без ДДВ, но Моравјецки не прецизираше дали блокот одлучил за тоа прашање.
Инфлацијата во Полска во ноември изнесуваше 7,8 отсто на годишно ниво, соопшти Заводот за статистика.