Богатите во жестока паника, готово е со банкарските тајни во Европа, а даночните власти на секоја држава веднаш ќе знаат се за сите отворени сметки, изјавил Пјер Московски, комесар на ЕК за економија и финансии.
“Во Европа нема банкарски тајни. Ако некој има сметка во Швајцарија, постои размена на информации и ние тоа веднаш го знаеме“, рекол Московски за канал Франс2.
Европската унија веќе потпиша договор за размена на информации со „банкарските раеви“ – Швајцарија, Лихтенштајн, Сан Марино, Андора и Монако. Исто така одобри проширување на листата на приватни лица кои плаќаат данок на доход-за да полесно ги откријат даночните власти на земјите членки чии државјани се.
Сега е можно откривање на состојбата на сметки, камати, дивиденди и приходи од продажба на финансиски имот на сите даночни обврзници на ЕУ. А бидејќи во почетокот на оваа година стапил на сила CRS, т.е. автоматска размена на финансиски и даночни податоци со повеќето земји во светот, тогаш и гиганти како Русија ќе знаат ако нивните граѓани се обидуваат да матат со банкарските сметки.
Еве како функционира тоа: од 1 јануари европските сметки на Русите ги проверуваат надзорни тела на ЕУ, потврдиле интервјуирани банкари. Финансиските институции на државите членки на ЕУ праќаат податоци за сметките на своите клиенти на локални даночни тела, а потоа разменуваат информации со даночни тела на други земји.
Русија од почетокот на оваа година почна да разменува информации за рамки на CRS стандарите, а речиси истовремено 10 неименувани руски богаташи од Лондон, кои побегнале од Русија бидејќи се накрале, побарале да им се овозможи враќање во татковината. Моментално не се знае каков е договорот на Кремљ на тоа прашање.