По изјавата на државниот јавен обвинител Јовески од 3 јануари и неговото барање „Народната банка да испита дали со оваа согласност (државата да има прв приоритет над понудениот имот од лицето Сашо Мијалков) некој излегол вон рамките на своите службени овластувања или, пак, се доведени во прашање интересите на другите комитенти на Банката“, уште еднаш повторуваме дека Комерцијална банка гарантира дека нејзините одлуки се донесени во согласност со интерните процедури, надлежности и законските прописи, соопшти банката.

„До Народната банка на 4, 17 и 28 јануари ја доставивме целокупната барана документација. Досега немаме известување, укажување или извештај од Народната банка дека е утврдена каква било неусогласеност, ниту пак дека е изречена каква било мерка“, се вели во соопштението на Комерцијална банка.