Охридска банка ги додели планираните 10.000 евра на првата бизнис идеја која се покажа како најперспективна во однос на огромниот број на пријавени кандидати. Средствата на Охридска банка за отпочнување на бизнис со иновативна идеја ќе одат кај QPick новата апликација со светски потенцијал, а изработена во Македонија од македонски тим. Наједноставно опишан QPick е „Tinder за шопинг“ бидејќи ви дава можност да одберете производи кои се во ваша непосредна близина. Идејата на QPickе корисниците уште додека шетаат или одат да пронајдат што во нивната околина има квалитетно да се купи, по која цена и од каде. Тоа поврзување на корисниците и трговците ја прави QPick апликација со висок степен на потенцијал, па за домашниот и глобалниот успех разговараме со Зоран Настески, еден од основачите на QPick.
Идејата всушност ја добиле кога биле на настан во Пало Алто во Силиконската долина како дел од Inception Enterprise каде се разговарало на темата колку има можност да се иновира во секторот на продажбата и шопингот. “Иновација не е нешто ново, туку комбинација од веќе постоечки работи и подобрување на процеси, од тој момент навака QPick од идеја до бизнис план, стигна до Охридска банка и финално беше валидирано и сметам дека заслужно победивме, вели Зоран Настевски соосновач на QPicк.”
Исто така Настевски вели дека немаат намера да QPick да остане локална аплицакија, туку имаат намера таа да го освои светот.
„Секогаш размислуваме многу пошироко, а почнуваме од дома. Со QPick има можност да се развиваат и менуваат навиките на потрошувачите, додека пак компаниите многу полесно да се маркетираат. Она што ние ќе бидеме за Македонија и светот, потрошувачот ќе се информира за се што е добро и достапно, брзо и ефикасно да купуваат, да се движат во право место и во право време да ги добијат потребните информации, вели Настески за иновацијата која треба да ја донесе QPick.
QPick апликацијата е наменета за смарт телефоните и е многу едноставна за користење со тоа што секако треба да го активирате и GPS локаторот за полесно пронаоѓање на достапните трговци со нивните производите кои се промовираат.
На Проектот „Чиста 10-ка“ на Охридска Бака Сосиете Женерал аплицираа 163 апликации, од кои 88 комплетно ги исполнуваа условите за понатамошно разгледување. Комисијата избра 5 финални апликации, од кои, една беше избрана за победничка и наградена со 10.000 евра. Тоа е апликацијата на Зоран Настески и Дамјан Димитриоски, Qpick.App.