Гувернерот не е за секоја земја-членка да предлага свој дизајн на банкноти, како што е случајот со монетите.
Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард би сакала да ги види лицата на истакнати Европејци на новите банкноти на еврото. Во интервју за Redaktionsnetzwerk Deutschland, таа рече дека може да ги замисли лицата на познатите Европејци како Леонардо да Винчи, Лудвиг ван Бетовен и Џејмс Џојс на новите банкноти.
ЕЦБ започна постапка за промена на дизајнот на банкнотите на еврото во декември, со јавна консултација фокусирана на процесот.
Во 2024 година, одборот на директори на банката ќе одлучи како ќе изгледаат новите банкноти и кога ќе стапат во оптек. Лагард не е за секоја земја-членка да предлага свој дизајн за банкноти, како што е случајот со монетите евра.
„Промената во дизајнот е добра можност да се покаже единство“, рече таа. „Би било грешка повторно да почнеме да се разликуваме“.