На редовна седница одржана при крајот на минатата година, Одборот на доверители на Еуростандард банка одлучил Фондот за осигурување на депозити да биде со исплатен ред после доверителите, физички и правни лица, во постапката за распределба на средства од стечајната маса на банката. Согласно законската постапка, стечајниот управник изготвил план за авансна распределба односно план за исплата на доверителите од досега собраната стечајна маса на банката. И сега, останува Основниот граѓански суд Скопје да донесе решение, со кое доверителите, физички и правни лица, очекуваат да го потврди планот за авансна распределба донесен од Одборот на доверители и час поскоро да започне исплатата на нивните заробени лични парични средства од стечајната маса на банкатa, велат од Здружението на оштетени штедачи Еуростандард банка.

Планот за авансна распределба донесен од Одборот на доверители, каде Фондот за осигурување на депозити е втор по исплатен ред, веднаш после доверителите физички и правни лица, направен е согласно одлуките на Основниот и Апелациониот суд Скопје. Судовите, одлучија дека Фондот останува доверител во стечајната постапка на Еуростандард банка врз основа на посебна (sui generis) законска суброгација, а во Закон за облигациони односи во институтот суброгација е определен и исплатниот ред на Фондот како осигурител на депозитите.

Откако се укина член 163 став 3 од Законот за банки согласно одлуката на Уставниот суд донесена во мај минатата година, Фондот го изгуби статусот на доверител како и исплатниот ред во стечајната постапка според Законот за банки. Потоа, Основниот граѓански суд Скопје донесе решение со кое Фондот остана доверител во стечајната постапка на Еуростандард банка. Во донесеното решение, Основниот граѓански суд Скопје употреби таканаречена посебна (sui generis) законска суброгација врз основа на Законот за облигациони односи и која суброгација ја поврза со статутот на Фондот како интерен акт. Апелациониот суд го потврди тоа решение во целост. Согласно Решенијата на судовите, очекуваме законската суброгација да се примени и при определување на исплатнит ред на Фондот. Поточно, судот да не биде селективен и пристрасен на страната на Фондот. Односно, кога Фондот требаше да се спаси и да остане доверител во стечајната постапка се применува посебна (sui generis) законска суброгација врз основа на статут, а кога треба да се определува исплатен ред на Фондот да не се земе во предвид институтот суброгација. Суброгација е законско право за осигурителните компании, кое што му овозможува на осигурувачот да се поврати износот што го платил за загуба со тужител на партијата која ја предизвикала загубата.

Фондот како специјализирана институција за осигурување на депозити, наплаќа премија на целосниот износ на осигурени депозити а не само премија за депозити до 30.000 евра, а обештетува физички лица до 30.000 евра. Што значи дека Фондот е со дејност како осигурителна компанија за неживотно осигурување односно наплаќа премија за осигурување на депозити и при ризичен настан врши обештетување и за него важи институтот суброгација. Согласно институтот суброгација, по којшто Фондот остана да биде доверител во стечајната постапка на банката, сега Судот треба да ја земе во предвид суброгацијата при утврдувањето на исплатниот ред на Фондот во планот за авансна распределба на доверителите.

Инсистираме за владеење на правото и доследно почитување на законите. На основа на владеење на правото и законите е направен планот за авансна распределба со којшто е предвидено оштетените депоненти, физички и правни лица, да бидат обештетени пред Фондот за осигурување на депозити. Со оглед на паричната маса која треба да се распредели, доверителите, физички и правни лица, целосно ќе бидат обештетени. Додека Фондот ќе добие солиден дел од своето побарување, за да понатаму остане речиси единствен доверител за наплата од преостанатата стечајна маса.

Здружението на оштетени физички и правни лица од Еуростандард банка веќе изрази поддршка за ваквиот план, којшто е изгласан и донесен од Одборот на доверители. Повторуваме, ова е единственото правично и законито решение на задоволство на сите. 3.000 семејства на граѓани и фирми доверители во стечајната постапка на Еуростандард банка ја очекуваат правичната одлука на Основниот граѓански суд Скопје со кое ќе се потврди доставениот план за авансна распределба одлучен од Одборот на доверители!

 

За правдата и владеење на правото, на потег е Осносвниот граѓански суд Скопје.