Или ќе се зголемат пензиите или ќе им се даде еднократна помош на најранливите. Кое решение е најприфатливо – ќе се одлучува неделава. Според вицепремиерот Битиќи, консултациите со засегнатите ќе покажат- дали ќе се менува методологијата за пресметка, или ќе се оди со финансика помош за лицата кои земаат најниска пензија. Пари се обезбедени, нема потреба од ребаланс на буџетот, уверува вицепремиерот.
– И за минималната плата и за пензиите не треба да се прави ребаланс. Тие се веќе испланирани во Буџетот. За пензиите, Фондот на ПИОМ има обезбедено средства за еветуално зголемување. Не треба да се грижиме дека ќе земеме од некаде за да им дадеме на пензионерите. Пензионерите се осигурени со тоа што имаат доста средства во Фондот на ПИОМ, изјави вицепремирот Фатмир Битиќи.
Помош ќе има и за граѓаните. По завршувење на мерката замрзнување на цените, од следниот месец ќе се ограничи маржата кај трговците. Со ова, се очекува да се спречи евентуалниот пораст на цените на основите прехранбени производи.
– Оваа и наредната недела ќе имаме директни средби со сите засегнати страни, посебно со производителите и трговците со прехранбени производи за оние производи кои се наведени во одлуката за замрзнување на цените за да најдеме начин да нема поскапување на цените. Најверојатно ќе се оди со дефинирање на одредени маржи и во трговијата на мало и во трговијата на големо, имајќи во предвид дека во делот на производите што ги произведуваме дома, таму секако може да се интервенира. Но, забележавме дека производите кои што се увезуваат во нашата земја, кај нив има поголемо зголемување на цените и затоа најверојатно ќе се оди со опцијата на определување на маржите – изјави Крешник Бектеши , министер за економија.
Во декември лани Владат донесе одлука цените на основните прехранбени производи да не се менуваат во наредните 3 месеци, односно до крајот на февруари. Експертите ваквата мерка ја оценија како неодржлива, затоа што сме увозно зависна земја, што значи на крај цехот повторни ќе го платат граѓаните, преку повисоки даноци.