Трошоците на живот се зголемени за 1.1 процент а цените на мало за 2.3 проценти во јануари годинава во споредба со истиот месец лани. Граѓаните разочарани велат дека со малите плати одвај се врзува крај со крај, а сега и со зголемените цени одвај издржуваат.
Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат раст на цените на храната за 0,6 проценти, транспортот за 5.3 , алкохол и цигари 6,9 , комуналии 0,1 процент, .Поевтинување се забележува кај облеката со 1,3 проценти, мебелот за 0,1 процент.
Поскапувањата беа поттикнати со воведувањето на поголема акциза за дизелот која ги зголеми цените за 3.5 денари по литар. Кога донесе одлука за поскапа акциза Владата уверуваше дека инфлацијата нема да расте. И Народната Банка сметаше дека инфлацијата ќе остане на проектираното зацртано ниво од околу 2%.