Акциите на Сбербанк паднаа за повеќе од 40 отсто, јавуваат руските медиуми.

Сбербанк е, како што се наведува, една од банките кои Америка денеска одлучи да ги санкционира.

Хартиите од вредност на руските компании пропаднаа на лондонската берза, а приходите на споменатата Сбербанк паднаа за цели 72 отсто.

Акциите на ВТБ, втората по големина банка во Русија, паднаа на берзата за 42 отсто, откако беше објавено дека Велика Британија ќе ги замрзне средствата на сите големи руски банки, вклучително и на споменатата ВТБ.

Џонсон го опиша последниот потег на Британија како „најголем и најтешкиот“ пакет економски санкции што Русија некогаш го видела.