Цената на гасот во Европа падна денеска на почетокот на тргувањето за 21 отсто на 1.230 долари за 1.000 кубни метри, покажуваат податоците на лондонската берза ICE.

Цената на гасот за испорака во март (фјучерс договори) утринава во холандскиот центар ТТФ изнесуваше 1.228,7 долари за 1.000 кубни метри, или 106,09 евра за мегават час по тековниот курс на еврото во однос на доларот, пренесува Тас с.

По веста за започнувањето на руската воена акција во Украина во четвртокот, цената на фјучерсите на гасот во Европа скокна за 61,5 отсто, достигнувајќи го нивото од над 1.650 долари за прв пат од 23 декември минатата година.