Советот на Европската унија во вторникот гласаше за санкционирање на исклучувањето на некои руски банки од системот СВИФТ, се наведува на официјалниот Твитер профил на француското претседателство со Советот на ЕУ.

Состанокот на амбасадорите на земјите-членки на Унијата резултираше и со гласање за забраната за емитување на руските медиуми Спутник и РТ во Европската унија.

Европската унија, Соединетите Американски Држави, Франција, Германија, Италија, Канада и Велика Британија се согласија во саботата да осигураат дека избраните руски банки ќе бидат отстранети од СВИФТ за да ја оштетат нивната способност за бизнис на глобално ниво.