УСЛОВИ ЗА КРЕДИТ
Износ: до 1.500.000 МКД
Максимален рок: до 120 месеци
Кредитна способност: до ½ од месечните примања
Каматна стапка: 4,7 % фиксна каматна стапка за првите 2 години, за останатиот период варијабилна каматна стапка: 4,5 пп + референтната стапка за пресметување на стапката на законската казнена камата која во моментов изнесува 1,25% (5,75 % номинална годишна) (СВТ 5,69%)*
Провизија за обработка на кредитот: 0%
Провизија за предвремена ликвидација: 0%
Трошоци за кредитот:
450 мкд – проверка во Кредитно биро (надоместот се наплаќа пред исплата на кредитите и не се наплатува за одбиени и откажани барања),
150 мкд – апликација за кредит
Трошок за полиса за животно осигурување издадена од Триглав Осигурување – Живот АД Скопје (висината на трошокот за полисата е во зависност од тарифата на Триглав Осигурување- живот АД Скопје и индивидуалните параметри на кредитокорисникот)
Задолжителна полиса од незгода од Халк Осигурување АД Скопје
600 мкд годишно за период еднаков на рокот на отплата на кредитот
Повеќе информации на Линкот
* 5,69 % СВТ за износ на кредит од 600.000 МКД, : 4.7 % фиксна каматна стапка за првите 2 години, за останатиот период варијабилна каматна стапка променлива од 5.75 %, рок на отплата 120 месеци, трошок за апликација од 150 МКД , трошок за проверка во МКБ 450 МКД и трошок за полиса од незгода 600 МКД
* Во искажаниот пример за СВТ полисата за животно осигурување не е влезена во пресметката
– Врз висината на годишната стапка на вкупните трошоци (СВТ), влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ , висината на договорната каматна стапка и износот на полисата за животно осигурување и полисата од незгода.