Народната банка веќе има засилена контрола врз работењето на менувачниците со цел, како што велат, да се спречи шпекулативно однесување на одредени менувачници.
Од Народната банка им укажуваат на менувачниците, дека согласно регулативата, тие не смеат да ги чуваат девизите и да не вршат менувачко работење. Ваквото однесување може да се санкционира, вклучително и со одземање на дозволата за работа.
-Нема да дозволиме беспотребно ширење паника и креирање фиктивни притисоци на менувачкиот пазар, поради нечии лични интереси и неодговорно однесување. Девизи на пазарот има. Девизните резерви се стабилни и високи и изнесуваат 3,5 милијарди евра. Банките имаат и свои девизи, и вршат менувачка работа. Впрочем секој граѓанин кој сака, може да купи колку сака девизи и во банките, велат од НБМ.
Оттаму ги потсетуваат граѓанитте дека секогаш кога ќе се јави некаква криза, менувачкиот пазар е мета на шпекулатните кои сакаат да профитираат.