Амбасадорот на Кина во Обединетите нации, Жанг Чан изјави дека санкциите против Русија за време на бавното глобално економско закрепнување е грешка.

Тој пред Советот за безбедност на ОН додаде дека „санкциите не решиле ниту еден проблем, туку создале нови“.

Чан предупреди санкциите ќе ја влошат кризата со храна и со енергија и ќе наштетат посебно на земјите во развој.

Тој повтори дека Кина е за прекин на огнот во Украина.

– Исто така, се надеваме дека сите страни ќе направат повеќе за да ги олеснат мировните преговори и нема да долеваат масло на огнот, посочи Чан.