Цената на нафтата на светските берзи продолжува да расте, исто како и загриженоста. 107 долари за барел беше максималната цена по која се продаваше барелот нафта. Скокот на цената нема да влијае на горивата во Македонија поради методологијата за пресметка. Пазарот на гасот и струјата се стабилизира, цените се како пред почетокот на инвазијата на Украина. Светските берзи се стабилизираат, нема драстични падови на иденксните поени.

А според „Ројтерс“ Најмалку 10 танкери со руска нафта и нафтени деривати патуваат кон САД од 16-ти март, според „Рефинитив“ и трговците со гориво. Тие брзаат да ги испорачаат набавките пред да стапи на сила забраната за увоз на руски фосилни горива, воведена од Вашингтон пред една недела.

Властите во земјата дадоа рок од 22-ри април да се заврши целата трговија и испораките на руска нафта и гас, пренесува „Реутерс“. Забраната е поврзана со руската инвазија на Украина.

До крајот на овој месец се очекува намалување на испораките на руска нафта во САД. Во земјата во просек дневно влегуваат нешто над 670.000 барели, а за овој март се очекуваат околу 597.000 барели.