Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, донесе одлука со која се врши промена на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,01% во однос на одлуката од 18.3.2022 година.
Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит, додека малопродажните цени на еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Со тоа, цените на нафтените деривати после полноќ ќе изнесуваат:
Моторен бензин еуросупер БС 95 – 79,00 (денари/литар)
Моторен бензин еуросупер БС 98 – 81,00 (денари/литар)
Дизел гориво еуродизел БС (Д-Е V) – 77,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 73,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 52,354 (денари/килограм)