Поскапувањата во Грција ќе придонесат за многу повисоки цени на аранжманите за летување. И вонсезонскиот одмор, сега ќе чини над 1.000 евра, покажува анализата на Informer.rs

За да може четиричлено семејство во јуни да летува на Халкидики во Грција, потребно е да се издвојат дури 1.300 евра и тоа само за гориво и храна. Кога на оваа бројка ќе ја додадеме цената на сместувањето за 10 дена, што во просек изнесува 400 евра за почеток на сезоната, за скромно студио во Ханиоти, како и цената на патарините, за кои во просек треба да се издвојат по 50 евра, сметката е навистина превисока.

Прогнозите се дека поради кризата во Украина и секојдневното поскапување на храната, горивата и струјата, цените и понатаму ќе „скокаат“ до сезоната, па и за најскромниот летен одмор ќе биде потребна голема сума на пари.

Литар бензин во Грција сега чини дури 1,9 евра, па ако наполните гориво таму ви требаат повеќе од 240 евра, а за дизелот кој чини 2,03 евра за литар 256,81 евро. За едно четиричлено семејство да го наполни фрижидерот и да има оброци сите десет дена на море, ќе му требаат многу пари, бидејќи цените на пазарите отидоа превисоко.

Само за најевтиниот леб мора да се издвојат 1,20 евра, сокови во шишиња од еден литар и околу 1,47 евра, долготрајно млеко за литар 1,70, а килограм домати дури 1,59 евра. Цената на јајцата во пакување од шест парчиња е зголемена за цели 10 отсто и сега чини 2,29 евра.