Покрај тоа што и производителите и власта пред две недели уверуваа дека има залихи и суровина за производство за масло за јадење и оти нема место за паника и потреба од купување на резерви, ситуацијата на терен беше поинаква. И викендов граѓаните се соочија со недостиг на масло за јадење во маркетите и мораа да обиколат повеќе продавници за да го најдат. Весникот ВЕЧЕР беше во обиколка на маркетите во градот и се увери дека во повеќето, масло за јадење немаше, освен маслиново, а таму каде што го имаше, рафтовите беа полупразни.

Освен за пченица и јачмен, Србија ја крева рампата и за извоз на нерафинирано растително масло, кое се користи како суровина во индустријата за производство на масло за јадење. Со тоа, како што велат производителите, ќе имаат суровини за два и пол до три месеци. Покрај тоа што и производителите и власта пред две недели уверуваа дека има залихи и суровина за производство за масло за јадење и оти нема место за паника и потреба од купување на резерви, ситуацијата на терен беше поинаква. И викендов граѓаните се соочија со недостиг на масло за јадење во маркетите и мораа да обиколат повеќе продавници за да го најдат. Весникот ВЕЧЕР беше во обиколка на маркетите во градот и се увери дека во повеќето, масло за јадење немаше, а таму каде што го имаше, рафтовите беа полупразни.

– Морав да отидам во повеќе продавници за да најдам зејтин. Во некои продавници имаше масло, но само од еден производител, а полиците беа полупразни. Во друг маркет ми рекоа дека може да купам само два литра масло. Нема избирање, морав да купам од тоа што го најдов и покрај тоа што досега не го користев тоа масло за готвење – вели една муштерика.
И друга граѓанка го потврди истото велејќи дека цел ден го потрошила во потрага по зејтин и морала да купи маслиново масло.

-Во повеќе маркети не можев да најдам масло за јадење, па морав да купам маслиново масло за салата. Освен во помалите продавници, масло за јадење немаше и во поголемите и подобро снабдените маркети. Во некои маркети каде што побарав масло, ме гледаа зачудено како да барам производ кој воопшто не се произведува во нашата држава – вели друга купувачка.
За цената и да не зборуваме, граѓаните се жалат дека веќе не може да се најде масло за јадење под 100 денари за литар. Не знам што ќе правиме, ќе мора или да го штедиме или да готвиме со свинска маст – велат граѓаните.

Од „Брилијант“ што покрива 60 отсто од домашниот пазар на масло за јадење, велат дека имало мал застој во дистрибуцијата во маркетите, тврдат дека сега состојбата се нормализира.

– Со увозот од Србија ќе имаат суровини за два и пол до три месеци. „Брилијант“ покрива 60 отсто од домашниот пазар на масло за јадење – вели претседателот на Одборот на директори на „Витаминка“, Симон Наумоски и додава дека имало мал застој во дистрибуцијата во маркетите од причина што не им била јасна одлуката за формирање на цената.
Министерот за земјоделство Љупчо Николовски најави дека наредната година ќе се работи на зголемување на површините под сончоглед во државата преку договорно производство, што ќе се применува и за други стратешки култури, но засега официјално не се објавени други мерки што ќе го зголемат производството на пченица и јачмен до ниво на задоволување на домашните потреби.

Тој очекува неделава да завршат административните процедури и да почне увозот на лебното зрно и останатите суровини, за кои македонските компании имаат договорено со своите партнери од Србија.