Наместо да се намалуваат, административците се множат. За една година јавниот сектор вдомил нови над 900 тини лица. Системско решениe за растеретување на овој гломазен апарат нема, но министерот за администрација тврди дека бројката природно се намалувала. Дел заминуваат во пензија, а дел во приватен сектор за подобри плати.
Намалувањето на администрацијата и зголемувањето на нејзината ефикасност оваа влада ги најавуваше како приоритет. Се споменуваше и проект со кој на дел од административците требаше да им се даде можност да заминат во приватен сектор, онаму каде што ќе има потреба од кадар. Сепак, ваквата мерка остана само на хартија. Најавите беа дека вработените во администарцијата ќе се намалат за околу 20 проценти, а финансиските средства кои ќе се ослободат ќе се искористат за други цели.
Според последните податоци во јавната администарција вработени се над 130 илјади лица. Најголем дел се во образованието, а потоа во здравството.