Јапонците нема да се откажат од рускиот гас. Тие воведоа санкции за Русија откако таа ја почна инвазијата на Украина, но гасот им е неопходен. „Јапонија ќе го задржи уделот во проектот Сахалин 2 за течен природен гас (ЛНГ) во Русија, бидејќи е клучен за енергетската безбедност“, изјави премиерот Фумио Кишида.
Уделот на Јапонија во проектот, како и други слични инвестиции во Русија, се најдоа под лупа поради кризата во Украина, пренесе Ројтерс.
Русија бараше непријателските земји да го плаќаат гасот во рубљи, но потоа се откажа од ова барање, откако Франција, Британија и Германија покажаа отпор.