Националната асоцијација за дојдовен туризам – НАИТМ реагира во однос на работата на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Велат дека Советот на Агенцијата одржал состанок пред дури 16 месеци со што грубо се прекршува член 17-б од Законот за основање на Агенција за поддршка и промоција на туризмот според кој советот треба да заседава еднаш на секои три месеци. Од друга страна, како што велат во Советот наместо место за нивната асоцијација место за членство добила непозната организација со сличен назив

„ Со ова се создава забуна кај претставниците на туристичкиот сектор и затоа отворено ги поставуваме следните прашања до директорот, а кои логично се наметнуваат:

1.  Дали се чекаше 16 месеци за да истече мандатот на претходниот Совет и да ги исклучите од истиот тие кои ви укажуваат на слабостите?

2.  Дали со ова решение е доделено место на организација со сличен назив со разлика од само една буква НАИТ(А)М со цел да се создаде лажен впечаток дека Асоцијацијата за дојдовен туризам партиципира во работата на Советот при АППТ?

3.  Дали за именуваниот претставник на непознатата асоцијација НАИТ(А)М, г-н Александар Коневски се воделе или се водат кривични постапки?

4.  Дали именуваниот член на Советот г-н Алексендар Коневски има пресуди за кривични дела, прашуваат од НАИТМ.

Додаваат дека следствено останува нејасно дали на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, развојот на туризмот и е воопшто помеѓу приоритетите на работа.