Со ново и уникатно музичко доживување виртуозот на гитара Vlatko Stefanovski повторно ќе ја почести својата публика. За Комерцијална банка беше чест да го поддржи најновиот концерт „Враќање на корените“ на Стефановски, кој по пауза од 40 години ќе настапи на сцената на Македонскиот културен центар.

Концертот „Враќање на корените“ е уште еден повод Банката, како верен партнер на македонската уметност, повторно да се поврзе со врвна домашна музика слушана од повеќе генерации и со голема уметничка вредност.

#ПолесноЕЗаедно